По Николас Боно, уште еден од странските ракометари што го носеа дресот на Вардар оваа сезона ќе игра во Франција.
Јапонскиот среден бек Харуки Кавада ќе ја продолжи кариерата во францускиот второлигаш Каен, каде веќе играат двајца екс-вардарци, Хансер Родригез и Нилтон Мело.
Вардар ќе се раздели и со Мигел Еспиња, Марек Марчињак, Мигел Пинто, Дмитро Горига, како и со Марио Танкоски.
Нови засилувања во составот на Иван Чупиќ ќе бидат голманот Милан Бомаштар, десниот бек Мохаб Абделхак, левиот бек Леон Љевар, средниот бек Матео Фадуил и десното крило Бобан Поповски.

























