Ракометарите на Вардар вечерва го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа кај францускиот Монпелје.
Тренерот Иван Чупиќ го одреди составот за овој натпревар, а надвор од комбинација останаа Јака Малус и Дмитро Горига, кои не ни отпатуваа со тимот во Франција.
Меѓу оние 15 што ќе играат се Валах, Лазаревски, Митровиќ, Воркапиќ, Гогов…а Чупиќ не сметаше за оваа средба ниту на Пинто, Еспиња, Стаменковиќ, Богдановски…
Францускиот тим ќе игра без еден од најдобрите стрелци, десното крило Давид Балагер, а повредени се Швеѓаните – левото крило Лукас Пелас и десниот бек Џек Турин.
Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар се игра вечерва во „ФДИ Арена“ со почеток од 20:45 часот. Ќе го судат Естонците Тинт и Кул.

























