Францускиот Монпелје загуби двапати по ред во домашниот шампионат, сега му виси местото во Лигата на шампионите за наредната сезона, бидејќи Лимож сега е на еден бод од ривалот на Вардар.
Во четвртфиналето на Лигата на Европа и во битката за Ф4 против Вардар, Монпелје влегува со лоша форма, но домаќините веруваат дека против „црвено-црните“ ќе покажат што знаат и ќе ја вратат добрата атмосфера.
Голманот Реми Дебоне вели дека тимот не игра во посакуваното ниво, но верува дека вечерва работите ќе се променат.
„Не сме на посакуваното ниво и треба да бидеме искрени со себе. Имаме две варијанти – или да мислиме на поразот во петокот, или тоа што не чека вечерва. Од нас зависи да покажеме поинаква страна од себе и да докажеме дека она што навивачите го видоа против Екс Ан Прованс не е она што навистина го може ашиот тим“, изјави Дебоне.
Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар се игра вечерва од 20:45 часот.
























