Веселин Вујовиќ со нов ангажман – пак во селекторска улога!

Легендарниот Веселин Вујовиќ повторно се враќа на големата сцена и ќе ја преземе репрезентацијата на Катар.

Еден од најпрепознатливите тренерски имиња во светскиот ракомет веќе отпатува за Доха, каде повторно ќе седне на клупата на Катар, селекција што ја водеше и во периодот 2024–2025.

Со оваа репрезентација, Вујовиќ настапи на Светското првенство 2025, каде Катар го освои 21. место и загуби од Македонија.

Интересно е што на негово место претходно се врати шпанскиот стратег Валеро Ривера, но очигледно резултатите, второто место на Азиското првенство и поразот во финалето од Бахреин не ги задоволиле амбициите на Катарците.

Договорот со Вујовиќ е со јасна цел, добар настап на Светското првенство 2027 во Германија.

Искусниот тренер зад себе има богата репрезентативна кариера, водејќи ги и селекциите на Иран, Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора. Со неговото враќање, Катар јасно покажува дека има високи амбиции и сака повторно да се врати на врвот на азискиот и светскиот ракомет.