Тимот на Монпелје изненадувачки загуби на домашен терен од Екс Ан Прованс со 33-29 во натпреварот од 25 коло во францускиот шампионат.
Пред дуелот со Вардар од четвртфиналето во Лигата на Европа, Монпелје иако водеше на паузата со Екс со 16-15, на крајот мораше да му честита на ривалот.
Со поразот, Монпелје остана трет со 35 бодови, но сега Лимож има 34 на четвртото место и може да стане опасна конкуренција во битката за место во Лигата на шампионите наредната сезона.
На овој меч тренерот Ерик Мате не сметаше на еден од најдобрите стрелци, Давид Балагер, а капитенот Валентан Порт играше цел меч и даде два гола, но подели седум асистенции.
Најдобар стрелец беше Аугустин Касадо со седум гола, а само пет минути играше Диего Симонет. Екс вардарецот Рожерио Мораеш стрелаше два пати, додека се истакна и Артур Лене со пет гола.
Првиот меч меѓу Монпелје и Вардар се игра во вторник од 20:45 часот.

























