Бекот на Струга, Филип Мечкароски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 5. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Стружанецот беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Радовиш кој беше важен во битката за опстанок во елитната конкуренција.
Тој освои 48% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер кој освои 14% од гласовите.
Номинирани за МВП на 5. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Димитар Димитриоски, Давид Савревски, Милош Валах, Александар Стојков и Николаос Лиапис.

























