Новеска избра 14 кадетки за СП во училишен ракомет во Скопје

Селекторката на женската кадетска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска, го објави списокот на ракометарки за претстојното Светско првенство во училишен ракомет што ќе се одржи во Скопје.

Новеска смета на 14 ракометарки, меѓу кои се повеќето стандардни репрезентативки oд кадетската репрезентација.

Мундијалот ќе се игра од 21 до 28 април во шест скопски сали во Скопје, а допрва ќе бидат познат распоредот на натпреварите и локациите.

Кадетките се најдоа во група со Словачка, Белгија и Грузија.