Селекторот на машката ракометна репрезентација на Исланд, Снори Гудјонсон, ќе продолжи да ја води националната селекција до 2032 година, откако Ракометна федерација на Исланд му го продолжи договорот.
Според новиот договор, Гудјонсон ќе остане на кормилото на тимот во наредните шест години, а во стручниот штаб ќе продолжи да работи и неговиот асистент Арнор Атласон.
Од федерацијата истакнаа дека продолжувањето на договорите е дел од долгорочна стратегија насочена кон иднината, со главен фокус на подготовките за Летни олимписки игри 2028 во Лос Анџелес.
„Посебно внимание се посветува на подготовката за големите натпреварувања, бидејќи следните проекти што водат кон Олимписките игри во 2028 година ќе бидат клучни за развојот на тимот. Главниот акцент е ставен на континуиран напредок меѓу големите турнири, каде успехот и развојот одат заедно. Продолжувањето на договорите до 2032 година обезбедува стабилност во работата и јасна визија за иднината на исландскиот машки ракомет“, соопштија од федерацијата.
Исланд заедно со Данска и Норвешка ќе биде домаќин на Мундијалот во 2031 година.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























