Српскиот шампион Партизан го гради ростерот за наредната сезона во која ќе влезе со уште поголеми амбиции. Откако го договори Раул Гонзалес за наследник на Ѓорѓе Чирковиќ, Партизан задржа и дел од ракометарите што играат оваа сезона.
Последен во низата што стави потпис на нов договор е рускиот репрезентативец Сергеј Иванов, па десниот бек ќе остане во Белград најмалку до летото 2027 година.
Претходно договорите ги продолжија капитенот Младен Шотиќ до 2028 и Иван Мичиќ до 2027 година, додека активни договори имаат Андреј Трнавац, Петар Иваниќ, Никола Црноглавац, Симо Шијан и Лазар Анѓелковиќ.
Досега се потврдени доаѓањата на Илија Абутовиќ, Тобијас Вагнер, Милош Кос и Мигел Санчез Мигаљон, а допрва треба да се официјализираат оние на Јуав Лумбросо и Владислав Кулеш.
Од клубот заминуваат Вељко Поповиќ, Никола Зечевиќ, Никола Зориќ, Владимир Јевтиќ, Ливиу Каба, Габриел Илие, Марко Николиќ, Страхиња Станковиќ, Миха Котар…








