Европската ракометна федерација ги потврди термините за натпреварите на завршниот турнир во Лигата на Европа.
Хамбург и „Барклејс Арена“ одново ќе бидат домаќини на најдобрите четири екипи во второто по ранг европско клупско натпреварување.
За разлика од досегашните стандардни термини 15:00 и 18:00 часот за полуфиналните средби, сега ЕХФ направи промена.
Првото полуфинале ќе се игра од 12:30 часот, додека вториот полуфинален двобој е закажан за 15:30 часот, а ова е поради финалето во Лигата на шампионите во фудбал.
На финалниот ден, на 31 мај, натпреварите се закажни во стандардните термини – мечот за бронза од 15:00 часот и финалето од 18:00 часот.
Вардар ќе се соочи со Монпелје во четвртфиналето и ќе има шанси за пласман меѓу најдобрите четири во Хамбург.























