- Словенечкиот интернационалец Дејан Бомбач ја продолжи соработката со бундеслигашот Лајпциг за уште една сезона. Иако Лајпциг најверојатно ќе испадне во Втората лига, сепак средниот бек потпиша нов договор.
- Францускиот Нант и кружниот напаѓач Андре Венкегеу потпишаа договор до 2029 година. 19-годишниот пивот потекнува од академијата на Нант, од лето ќе биде вклучен во првиот тим и ова за него е прв професионален договор.
- Португалскиот репрезентативец Диого Валерио на крајот на сезоната ќе си замине од грчкиот Олимпијакос и ќе се пресели во Полска. Чуварот на мрежата потпиша договор со тимот на Островија.
- Исландскиот репрезентативен пивот Арнар Арнарсон би можел да си замине од Мелсунген, бидејќи на лето таму доаѓа Јоханес Гола. Тој е на мета на Флеснбург, па ако се реализира трансферот, тогаш тоа ќе биде трампа меѓу двата клуба.
- Двајцата романски репрезентативци од тимот на Партизан, Ливиу Каба и Габриел Илие, заминуваат на лето од српскиот шампион и се враќаат во татковината каде што ќе играат за тимот на Констанца.

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Бомбач верен на Лајпциг, Валерио си оди од Олимпијакос, трампа на Фленсбург и Мелсунген
[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]







