Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за натпреварите од Купот на Македонија.
Завршницата на Купот ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица, а четирите полуфинални средби во машка и женска конкуренција, љубителите на ракометот ќе може да ги следат за само 400 денари.
Билетите кои важат за сите четири меча: Охрид – Еурофарм Пелистер, Алкалоид – Вардар, Пелистер – Ѓорче Петров и Спартак – Чаир, на 17 и 18 април, може да ги купите ТУКА.
Дополнително ќе бидат пуштени во продажба билетите за женското финале (19 април, 16:00 часот) и машкото финале (19 април, 19:00 часот).
Трофеите од минатата сезона ги бранат екипите на Вардар и Ѓорче Петров.









