- Кружниот напаѓач Миклош Рошта по три сезони во романскиот шампион Динамо Букурешт се враќа во татковината. Унгарскиот репрезентативец ќе го засили ПИК Сегед, каде што веќе играше од 2019 до 2023 година.
- Исландскиот репрезентативец Виго Кристјансон по истекот на договорот со бундеслигашот Ерланген во 2027 година ќе се пресели во тимот на Фленсбург, со кој потпиша договор до 2030 година.
- Левото крило Ноам Леополд стави потпис на нов договор со францускиот Нант на три сезони и ќе го носи дресот на овој клуб најмалку до 2030 година. Нант на лето останува без левото крило Валеро Ривера, кој ќе ја заврши кариерата.
- Себастијан Бартолд, левото крило на европскиот шампион Магдебург, по само една сезона би можел да си замине од Бундес лигата. Според информациите на данските медиуми, норвешкиот интернационалец е на чекор до потпис со Морс.

























