Поранешниот тренер на Вардар, Гиљермо Милано, по кратката епизода во женскиот ракомет, се враќа во машкиот ракомет.
„Handball Arabic“ објави дека аргентинскиот стратег е нов селектор на машката репрезентација на Саудиска Арабија.
Милано минатата сезона го освои трофејот во Купот на Македонија со Вардар, но потоа „црвено-црниот“ не стигна до шампионската титула, иако имаше „зицер“ на домашен терен.
По раскинот на договорот со Вардар, Милано го водеше американскиот тим Калифорнија Иглс, а потоа ја презема женската репрезентација на Чиле, каде не остана долго.

























