Во средината на месец март ракометните клубови ги добија финансиските средства, односно државните субвенции од Министерството за спорт. Иако износите на помошта што ја добиваат клубовите и федерациите, треба да бидат објавени од страна на оваа институција, сепак тоа не беше случај.
Можеби подоцна од очекуваното, но клубовите ги добија субвенциите, а голем дел од нив тврдеа дека тие пари им се главен извор за функционирање, и постојано прашуваа кога ќе ги добијат. Како што е пракса од крајот на 2024 година, за сите критериуми и оценувањето решава Министерството за спорт.
Во споредба со претходните, овие суми се помали, а од машките суперлигаши најголем „ваучер“ доби шампионот Еурофарм Пелистер, потоа следуваат Вардар и тимот од Автокоманда…Рангирањето е направено само според пласманот во лигите за сезоната 2024/25.
Еурофарм Пелистер 7.294.035
Вардар 6.848.598
Алкалоид 6.358.617
Охрид 5.868.636
Тиквеш 5.378.655
Бутел Скопје 4.888.674
Пролет 4.398.693
Прилеп 3.908.712
Куманово 3.418.731
Радовиш 2.928.750
Струга 2.438.769
Меѓу екипите што играа во Првата лига минатата сезона, најголем „ваучер“ доби актуелниот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2, додека најмала државна помош доби тимот на Аеродром.
Еурофарм Пелистер 2 558.033
Мулти Есенс 534.524
Македонија Ѓорче Петров 512.252
Младост Богданци 489.362
Драчево Јуниор 466.471
Вардар Неготино 443.581
Овче Поле 420.690
Јехона 397.800
Партизан Гевгелија 329.747
Шампион 306.856
Текстилец 283.966
Аеродром 238.185
Кај дамите, актуелниот првак Ѓорче Петров има најголем „ваучер“.
Ѓорче Петров 1.701.323
Чаир 1.531.809
Куманово 1.447.053
Вардар 1.362.296
Астибо 1.277.539
Спартак 1.192.782
Пелистер 1.108.025
Деспина 1.023.268
Овче Поле СУ 938.512
Ѓорче Петров 2 853.755
Стружанка 753.531
Шампион 660.113
На последниот ден од март, Министерството за спорт префрли дополнителни субвенции за сите клубови. Ракометните суперлигаши добија дополнително по 177.162 денари, женските клубови по 134.713, додека прволигашите по 100.429 денари.









