Поради безбедносната ситуација која не дозволува организирање на меѓународни натпревари во Израел, двата натпревари меѓу репрезентациите на Израел и Шпанија од третиот бараж за Светското првенство ќе се одиграат во Аргентина, на 14 и 16 мај.
Израелската репрезентација избори пласман во третата и последна рунда од квалификациите, откако ја елиминираше селекцијата на Грузија во двомеч за само еден гол.
Момците на Давид Писонеро ќе се соочат со силната Шпанија, но поради актуелните безбедносни околности, беше донесена одлука натпреварите да се играат на неутрален терен.
Во соработка меѓу ракометните федерации на Израел, Шпанија и Аргентина, договорено е двата натпревари да се одиграат во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
























