Атлетик и натаму на максимум – 16 победи на 16 меча

Ракометарките на Атлетик ја запишаа 16 победа на 16 наптревар оваа сезона во прволигашката конкуренција.

По елиминацијата од Купот, Атлетик веднаш им се врати на победите и славеше на домашен терен против Шампион со 30-11.

Гостинките едвај постигнаа 11 голови на овој дуел, а тоа беше прилика за Татјана Хмирова да им даде шанса на сите свои ракометарки за настап.

Думбалоска даде седум гола за Атлетик, а по шест пати погодија Ангелковска и Босилковска, додека кај Шампион со четири гола се истакна Васовска.

Атлетик сега има 32 бода на првото место на табелата, додека Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ се на делба на втората позиција со по 22 бода.