Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да го исклучи тимот на Кичево од Првата лига.
Со оглед на тоа што неодиграниот натпревар со Младост Богданци од 19 коло беше втор сезонава за Кичево што го загубија со службени 10-0, па според пропозициите за Првата лига, следува исклучување.
Сите натпревари до крајот на сезона што требаше да ги игра Кичево, ќе бидат регистрирани со 10-0 за противниците.
Покрај ова, Кичево ќе треба да плати парична казна во износ од 60.000 денари, а одговорното лице на клубот добива забрана за вршење дејност во ракометот во период од три години, како и забрана за формирање или пријавување на нов клуб во истиот рок.

Кичевци претходно се огласија на социјалните мрежи по повод случувањата пред мечот со Младост Богданци, што беше закажан во Охрид, а не се одигра.


























