Средниот бек Јанус Дади Смарасон ќе биде замената за Домен Макуц во каталонскиот гигант Барселона.
Откако стана јасно дека Макуц оди во Кил, од Барса се пуштија во потрага по нов среден бек, а потрагата заврши во ПИК Сегед.
Исландскиот репрезентативец Смарасон се обврза на соработка од три сезони и ќе остане во „Блауграна“ најмалку до 2029 година.
Смарасон ја одработува втората сезона во ПИК Сегед, а претходно играше за Магдебург, Колстад, Aлборг, Гепинген…
























