Лидерот во прволигашката конкуренција Младост Богданци ќе има шанса в сабота во Автокоманда да направи уште еден крупен чекор кон пласман во елитата.
Момците на Горан Андоновски ќе му гостуваат на тимот на „витамините“ во Автокоманда, кои се второпласирани на табелата.
Натпреварот од 20 коло во Првата лига е закажан за в сабота, од 15:00 часот во салата во Автокоманда.
Доколку слави тимот од Богданци, практично ќе обезбеди камбекот во суперлигашката конкуренција, бидејќи би имал четири бодови предност пред директниот конкурент.
Младост Богданци има 34 бодови, втори се „витамините“ со исто толку но со меч повеќе и со полош меѓусебен биланс.

























