Foto: Ingrid Anderson-Jensen

Питлик за конфликтот со Фленсбург: Довербата е нарушена, се случија многу нешта!

Конфликтот меѓу Симон Питлик и Фленсбург продолжува да се продлабочува, а данскиот репрезентативец повторно јавно го критикуваше својот клуб.

Во изјава за данската ТВ2, Питлик призна дека односите се сериозно нарушени меѓу него и клубот.

„Да, морам да го признаам тоа. Многу работи се случија и довербата се разниша. Тоа е вистина. Не сакам да навлегувам во детали, но можам да потврдам дека настаните се одвиваа така како што претходно беше опишано“, вели Питлик.

Данецот се осврна и на одлуката да го продолжи договорот до 2030 година.

„Го направив тоа затоа што верував дека патот до успехот во Фленсбург води преку стабилност. Но, тоа чувство на мир никогаш не се врати во клубот. Во прашање се многу работи за кои засега не сакам да зборувам“, заврши Питлик.

Оваа изјава доаѓа по серијата тензии меѓу играчот и раководството на Фленсбург, кои веќе подолг период се една од главните теми во европскиот ракомет.

Тој во 2027 година ќе се пресели во Фуксе Берлин за 500.000 евра, колку што чини неговата откупна клаузула, иако имаше понуда од 1.500.000 евра за да замине уште ова лето.

Пропадна трансфер вреден 1.500.000 евра!