Партизан подготвува трансфер-бомба, Кос се враќа на Балканот!

Српскиот шампион Партизан би можел да добие значајно засилување во наредниот период, откако во завршна фаза се преговорите со српскиот репрезентативец Милош Кос.

Во моментов траат разговорите меѓу Партизан и неговиот клуб Ерланген, а самиот играч потврди дека постои реална можност да го облече дресот на „црно-белите“.

„Ќе видиме, сѐ е отворено. Сѐ уште немам потпишано договор, но постои реална шанса да преминам во Партизан. Верувам дека тоа би бил вистински потег за мојата кариера. Знам дека во Партизан би имал врвни услови за напредок. Присуството на селекторот Раул Гонзалез гарантира квалитетни тренинзи и сигурен сум дека тоа би било корисно за сите“, изјави Кос за српски „Журнал“.

По скандалот во Загреб и тепачката со Матеј Мандиќ, Кос се активираше во Бундес лигата, во дресот на Ерланген, но сега може да се врати на Балканот.