Младост Богданци службено го доби мечот со Кичево – се врати на лидерското место

Тимот на Младост Богданци службено го доби натпреварот од 19 коло од прволигашката конкуренција против Кичево.

Ракометната федерација го регистрираше со 10-0 во корист на тимот на Богданци мечот што вчера беше закажан во Охрид.

Тој поради технички причини не се одигра, а сега момците на Горан Андоновски со новите бодови кои ги добија на зелената маса се вратија на врвот на табелата.

Младост Богданци е прв со 34 бодови, исто толку бодови имаат „витамините“ од Автокоманда, но и меч повеќе.