Атлетик и Босилковска во љубов до 2029 година

Тимот на Атлетик продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредните предизвици што го очекуваат клубот во елитната конкуренција.

Левото крило и еден од најдобрите стрелци во тимот, Моника Босилковска, стави потпис на нов договор со Атлетик и ќе остане во клубот најмалку до 2029 година.

Битолчанката ја започна својата кариера во школата Винда, а потоа 12 сезони го носеше дресот на Пелистер, пред летоска да се пресели во Скопје и да ја започне приказната со Атлетик.

Атлетик има огромна бодовна залиха на врвот на табелата во Првата лига и само чудо може да го спречи да избори елита.

Претходно голманката Матеа Чурлиновска стави потпис до 2029 година, а нови тригодишни договори потпишаа и левите бекови Сара Богојеска и Анастасија Величковска, пивотот Дафина Соколовска, како и средниот бек Исидора Котевска.