Ѓорче Петров 2 останува во трка за суперлигашки бараж

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 остануваат во трка по второто место во прволигашката конкуренција, откако славеа во Прилеп.

Младите „лавици“ ја победија Деспина со 32-27, откако водеа во текот на целиот меч, а на паузата беше 18-12 во нивна корист.

Искусната Мери Гичева даде десет погодоци за прилепскиот тим, додека исто толку постигна Кристина Наумовска за победникот.

На табелата, Атлетик е далеку на врвот со 30 бодови, втор е Овче Поле СУ со 22 бодови, додека Ѓорче Петров 2 има 20 на третата позиција, но и меч помалку.