Тимот на Атлетик ја продолжи победничката серија во прволигашката конкуренција, откако славеше на гости кај Стружанка.
Избраничките на Татјана Хмирова без особени проблеми победија на гостувањето во Струга со 35-19.
По првиот дел гостинките водеа со 17-8, а во второто полувреме следуваше рутинско одработување на задачата.
По пет гола кај победникот постигнаа Котевска, Босилковска и Думбалоска, додека осум за Стружанка даде Сејадин.
Атлетик сега има 30 бодови на првото место и може да ги прави плановите за елитната конкуренција.

























