Натпреварот од 19 коло во прволигашката конкуренција меѓу Младост Богданци и Кичево што требаше да се одигра во Охрид, не се одигра.
Поради технички причини, тој не стартуваше, па одлуката сега е во рацете на Натпреварувачката комисија на РФМ.
Делегатот не дозволи мечот да започне, па многу веројатно лидерот на табелата во Првата ќе прокниже нови бодови, но на зелената маса.
Двете екипи по меѓусебен договор решија првиот меч што требаше да се игра во Кичево се одигра во Богданци, па така на овој кичевци требаше да бидат домаќини.
Со оглед на тоа што Кичево се уште не игра на домашен терен поради неодамнешните поплави, домашните натпревари ги игра во Охрид во СРЦ „Билјанини Извори“.
























