Нов формат во женскиот Куп: Чаир и Ѓорче ги скокат елиминациите, еве ги шеширите!

Утре од 09:30 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за елиминациското коло во женскиот Куп на Македонија.

Во оваа сезона наместо групна фаза, ќе се игра на елиминации, потоа четвртфинале и Ф4. Согласно пласманот, Чаир и Ѓорче Петров го скокаат елиминациското коло и ќе се вклучат во четвртфиналето.

Останатите пет екипи од Супер женската лига и седум екипи од Првата женска лига, ќе играат меѓусебе, а победниците од шесте пара ќе обезбедат место во четвртфиналето.

И во четвртфиналната фаза, екипите пред ждрепката ќе бидат поделени во два шешири согласно пласманот, па на Ѓорче Петров и Чаир ќе им се приклучат уште две екипи во првиот шешир.

Елиминациското коло во Купот ќе се игра следниот викенд, додека четвртфиналето ќе се игра во некоја од наредните среди до почетокот на април.

Куп на Македонија, жени, ждрепка елиминации:

шешир 1: Куманово, Вардар, Астибо, Спартак, Пелистер, Деспина
шешир 2: Овче Поле СУ, Ѓорче Петров 2, Стружанка, Шампион, Јехона, Атлетик