Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпревари те од 3 и 4 коло од квалификациите за ЕП 2026.
Судиската двојка од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски добија делегирање на еден од дуелите што ќе решава за прво место во група.
Станува збор за пресметката меѓу Австрија и Шпанија, кои досега имаат по две победи над Израел и Грција.
Овој дуел ќе се одигра во Виена, вечерва од 18:00 часот во „Спорт Арена“ во главниот австриски град, а делегат е Мери Лин Агуис од Малта.
























