Карбеска и Илиева ќе судат дерби за прво место

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2026.

Македонскиот двоец Силвана Карбеска и Марија Илиева патува за швајцарскиот град Криенс каде ќе се игра првата битка за позицијата број 1 во групата 2.

Во Швајцарија гостува Холандија, а двомечот меѓу овие две селекции ќе го реши победникот на групата во која се уште Италија и Босна и Херецеговина.

Арбитражата на еден од најинтересните мечеви им е доделена на македонските судијки, а делегат ќе биде Матија Губица.

Натпреварот меѓу Швајцарија и Холандија се игра на 5 март во „Пилатус Арена“ со почеток од 19:15 часот.