Пелистерци со негатива на полувремето во Свендборг

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер е во негатива од четири гола по првото полувреме на дуелот со данскиот ГОГ Гудме што се игра во Свендборг, 15-11.

Битолчани лошо го отворија натпреварот со негатива од 4-1, а да не беше Митревски на голот водството на домашните можеше да биде повисоко.

На спротивната страна Салах исто така бранеше одлично, па пелистерци тешко погодуваа. Предноста отиде и на плус четири 9-5, па Алушовски мораше да бара тајм-аут.

Во продолжение македонскиот тим имаше шанса да намали на минус два, но Салах одново одбрани и повторно беше минус четири, 12-8 на три минути до паузата.

Домаќините казнија уште една грешка на Еурофарм Пелистер, беше и плус пет за ГОГ Гудме, но Кузмановски и одличниот Видомски се погрижија да остане пристојната негативата, 13-10.

Сепак ГОГ Гудме успеа да искористи прилика во последната секунда и на пауза се замина со 15-11 за домашните.