Босанските браќа Амар и Дино Коњичанин ќе ја делат правдата на еден од најважните натпревари оваа сезона на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
На македонскиот првак му треба победа во Свендборг за да ги одржи „живи“ надежите за прогрес во најелитното европско клупско натпреварување.
Европската куќа на ракометот ги делегираше токму нив за оваа важна пресметка, иако со арбитражата на ЕП не покажаа дека имаа квалитет за највисоко ниво.
Натпреварот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Свендборг Арена“ со почеток од 18:45 часот.

























