Во продажба билети за најважниот меч во ЛЕ: Гледајте Вардар – Бенфика за 300 денари

Ракометарите на Вардар во вторник го играат најважниот натпревар од главната рунда во Лигата на Европа.

Во Скопје ќе гостува Бенфика во вторник на 3 март од 20:45 часот, а „црвено-црните“ ги пушти во продажба билетите за овој натпревар.

Тие се продаваат по цена од 300 до 700 денари во зависност од местото на седење во СЦ „Јане Сандански“. Може да се купат онлајн ТУКА или во билетарницата на салата секој ден од 10:00 до 18:00 часот.

Со оглед на победата на Бенфика во Шведска, вардарци за да бидат најмалку втори во групата и полесен пат понатаму, ќе мора да го совладаат тимот од Лисабон со најмалку шест голови разлика за да имаат подобар меѓусебен дуел при ист број бодови, ако се знае дека Бенфика дома ќе има полесна задача против Кристијанштад во последното коло, а Вардар тогаш ќе му гостува на Мелсунген.