Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат можеби најважниот натпревар од главната рунда во Лигата на Европа.
Гостин во Скопје е Мелсунген, ама со младински состав засилен со неколкумина искусни ракометари, меѓу кои и асистентот на Роберто Парондо, Гедеон Гвардиола, кој е пријавен во ЛЕ „за секој случај“, но тој не игра и само го пополнува ростерот.
Тука е пивотот Рубен Марчан, како и голманот Ласло Бартуч, а сите останати ракометари од типот на Мандиќ, Симиќ, Кристопанс, Ендерлејт, повредениот Дармул, па Баленсијага, Паласич, Арнарсон…не дојдоа во Скопје.
Кај Вардар деби во Европа ќе има Вукашин Воркапиќ, ги нема Еспиња, Стаменковиќ, Богдановски, Кеита, Пинто, Кавада…
Натпреварот меѓу Вардар и Мелсунген се игра вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























