Младите ракометари на Еурофарм Пелистер во кадетска конкуренција ќе играат против Алборг во полуфиналето на квалификацискиот турнир за пласман на Ф4 турнирот во Келн.
Мечевите од квалификацискиот турнир се играа на 30 март, а финалето е следниот ден исто така во Пореч. Во второто полуфинале ќе играат кадетите на Загреб и на Берлин.
Македонски претставник вторпат по ред ќе биде Еурофарм Пелистер, кој минатата сезона во првиот обид стигна до настап на завршниот турнир во Келн.
На другите турнир двојките се следните
Турнир во Букурешт
Динамо – ГОГ
Спортинг – Нант
Турнир во Сегед
ПИК Сегед – Барселона
Колштад – Висла
Турнир во Веспрем
Веспрем – Магдебург
Килце – ПСЖ
























