Лисабон е на нозе – во ист ден доаѓаат гигантите Вардар и Реал Мадрид

Навивачите на Бенфика денеска ќе имаат големо задоволство и ќе имаат шанса да гледаат два меча од фудбалската Лига на шампиони и ракометната Лига на Европа.

Најпрво од 18:45 часот, момците на Хота Гонзалез ќе го пречекаат двократниот европски првак Вардар во првото коло од главната рунда во Лигата на Европа.

Потоа од 21:00 часот, фудбалерите на Жозе Мурињо ќе играат во 1/16 финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, шпанскиот гигант кој досега има 15 европски титули.

Оваа уникатна можност за навивачите на Бенфика не остана незабележена и од ЕХФ, кој ја одбележа со посебна најава.