Европската ракометна федерација го објави ранкингот на националните тимови, а кај женската сениорска репрезентација нема промени во споредба со минатата година.
За разлика од мажите кај кои се вклучени настапите на големите натпреварувања и квалификациите за нив од 2023 до 2026, кај дамите се земаат во предвид настапите од 2022 до 2025 година.
ЕХФ ги сумираше резултатите на сите селекции и Македонија се најде на 19 место во вкупниот ранкинг со 23 бодови, што е ист резултат како и лани.
Ранкингот се пресметува како просек со бодовите освоени на големите натпреварувања во последните четири години (или во квалификациите), со забелешка дека последните две години учествуваат со 100% во бодувањето (2025, 2024), додека (2023, 2022) учествуваат со 50% во бодувањето и пресметувањето на просекот.
Во ТОП 3 се Норвешка со 118 бодови, Данска со 98 и Франција со 97 бод.

























