Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објави повик за пријавување на нови ракометни судии.
Со оглед на тоа што во последно време на македонските терени нема многу млади и нови арбитри, можеби овој повик ќе мотивира дел од оние што го сакаат и познаваат ракометот, да станат дел од судиската фела.
Пријавувањето ќе трае до 15 февруари.
„Доколку сакаш да бидеш дел од ракометот и да се развиваш во спортска и професионална насока — пријави се!
✅ Критериуми / Услови за пријавување:
• наполнети 16 години
• да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта
• да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот
• добри комуникациски вештини и способност за работа во тим
• одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила)
• подготвеност за обука/семинари и тестирања
• добра психофизичка подготвеност
• спремност за судење на натпревари според распоред (викенди/термини по договор)📩 Пријавување: испрати кратка биографија (CV) на: [email protected]
🗓️ Рок за пријавување: до 15 февруариПријави се сега и стани ракометен судија!“, се вели во објавата на здружението.
























