Кавадарчани добија нов пивот – Стефан Атанасовски го засили Тиквеш

Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски до крајот на оваа сезона ќе ги брани боите на кавадаречки Тиквеш, дознава 24Ракомет.

Тој во пролетниот дел од сезоната настапуваше за Струга, но сега ќе има нов предизвик во кариерата и ќе работи под палката на Кристијан Грчевски.

Атанасовски во својата кариера настапуваше за бројни клубови во Македонија и во странство. Овој 25-годишен ракометар потекнува од школата на Вардар, а во својата кариера има настапи и за Работнички, Куманово, Пролет, Раховец (Косово), Ал Араби (Катар) и Ал Мудар (Саудиска Арабија).

Познат е по својата висина и корпуленстнст што ќе претставува значаен адут за тимот на Тиквеш во битката за повисок пласман. Има настапи и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.