ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Гедбан останува во Бундес лигата, Толедо верен на Ваљадолид, Врањеш се врати дома

  • Алжирскиот репрезентативен голман Калифа Гедбан ја продолжи соработката со Ерланген. Екс чуварот на мрежата на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе остане во Бундес лигата најмалку до 2027 година.
  • Некогашниот десен бек на Вардар, Жозе Толедо, го продолжи договорот со шпанскиот тим Ваљадолид и ќе настапува во Асобал лигата до 2027 година. Претходно Толедо беше дел од Гранољерс, Висла Плоцк, Баја Маре…
  • Поранешниот босански репрезентативец Владимир Врањеш се врати во татковината и ќе го облече дресот на Борац Бања Лука. Кружниот напаѓач претходно играше за Чурго, Адемар, ПИК Сегед, Татабања, Бенфика, Мешков…
  • Левото крило Фредерик Бјере, во моментов трет најдобар стрелец во Лигата на шампионите, на лето ќе го напушти данскиот ГОГ Гудме и ќе го засили полскиот првак Висла Плоцк.
  • Норвежанецот Симен Лисе, кој на лето требаше да замине од шампионот Колстад во ПСЖ, уште зимава ќе се пресели во Париз. Поради финансиските проблеми на Колстад, раководоството се реши да заработи од продажбата на левиот бек.