Хрватската интернационалка Петра Јершек, која последната сезонаипол настапуваше во Македонија се враќа во татковината.
Според информациите на 24Ракомет, Јершек ќе им се придружи на Драгана Петковска и Ана Марија Коларовска во составот на Брод.
Таа ја одигра сезоната 2024/25 во Ѓорче Петров со кој ја освои двојната круна во Македонија, а во есенскиот дел од сезоната играше за Металург Автокоманда.
Поради финансискиот колапс на клубот таа е 13 ракометарка што си замина од клубот. Претходно Цветановска, Кицеска, Николовска, Божиноска и Зечевиќ се преселиja во Спартак, Јанкуловска и Гугуљанова во Ѓорче Петров, Коловска отиде во Чаир, Беровиќ и сестрите Лашкоски заминаа во Вардар, додека заедно со Јершек во Брод ќе игра Коларовска.
Јершек потекнува од составот на Осијек, каде играше до 2022 година и со кој беше седум сезони дел од елитното натпреварување во Хрватска.
Настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Хрватска, а од 2022 година две сезони беше дел од шпанскиот тим Сан Хозе Обреро.

























