ИХФ бира најдобри ракометар(к)и во светот за 2025 – еве ги номинациите

Светската ракометна федерација ги објави номинациите во четири категории во изборот за најдобрите за 2025.

ИХФ ќе избира најдобар ракометар, најдобра ракометарка, најдобар млад ракометар, најдобра млада ракометарка.

Кај ракометарите номинирани се Емил Нилсен (Данска/Барселона), Матијас Гидсел (Данска/Фуксе Берлин) и Иван Мартиновиќ (Хрватска/Веспрем), додека кај ракометарките во трка за признанието се Хени Реистад (Норвешка/Есбјерг), Катрине Лунде (Норвешка/Црвена Звезда) и Бруна Де Паула (Бразил/Ѓер).

Во трка за најдобар млад ракометар се Оли Митун (Фарски Острови), Никола Рогановиќ (Шведска) и Франциско Кошта (Португалија), додека за најдобра млада ракометарка номинирани се Нина Дури (Франција), Виола Лохтер (Германија) и Џули Скалионе (Данска).

Гласањето на фановите ќе се одвива од 25 јануари на страницата на ИХФ, а ќе трае до 10 февруари, додека другите две третини во гласовите ќе бидат од селекторите на националните тимови што играа на машкото и женското СП 2025, како и од Стручната комисија на ИХФ.