Вардар „загриза“ за хрватски репрезентативец!

По Леон Љевар, македонскиот вицепрвак Вардар посакува уште еден хрватски репрезентативец во своите редови, пишуваат тамошните медиуми.

Станува збор за средниот бек Ивано Павловиќ, кој во моментов е дел од националниот тим на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Тој е дел од шампионот Загреб, каде што во 2024 година дојде од босанскиот Извиѓач Љубушки и го привлече вниманието на хрватската јавност.

Покрај Вардар, интерес за Павловиќ постои и од унгарскиот великан ПИК Сегед, како и португалските Бенфика и Спортинг Лисабон.

Тој има договор до 2029 година со Загреб, па ако некој клуб сака да го ангажира сигурно ќе треба да плати оштета.