Ракометарката на Пелистер, Сара Котевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 13. коло во Супер женската лига.
Битолчанката имаше одлична партија на дуелот меѓу Спартак и нејзиниот Пелистер и беше меѓу најдобрите со пет гола.
Таа го освои првото место откако доби околу 83% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека Марија Јанкуловска освои околу 12%.
Во конкуренција за ѕвезда на 13. коло беа уште и членките на Металург Автокоманда и Чаир, Марија Јанкуловска и Хана Мифтари.


























