Вардар се враќа во „Расадник“ – еве кога се игра првиот натпревар во стариот дом

Двократниот европски првак Вардар на почетокот на 2026 година ќе се врати во некогашниот дом „Расадник“ во населбата Кисела Вода.

Ова денеска го потврди претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, кој потенцираше дека салата треба да биде комплетно готова до крајот на јануари.

Вардар ќе игра сите домашни натпревари од Супер лигата во оваа сала, со исклучок на дерби натпреварите и оние од европските купови, кои и натаму ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ ракометари по две децении ќе се вратат во „Расадник“, а прв гостин во реновираната сала би требало да биде тимот на Куманово на 7 февруари во меч од 19 коло од Супер лигата.