РФМ изрече казни по мечот Охрид – Еурофарм Пелистер!

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија ги изрече казните по мечот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.

РФМ ги казни и домашниот и гостинскиот тим со по 45.000 денари, а суспензии имаше и за Крсте Андоновски и Дејан Манасков.

Асистентот на клупата на Борис Ројевиќ доби суспензија од три првенствени или Куп натпревари, што значи дека ќе може да биде на терен на мечот од 21 коло на 14 февруари наредната година, а ќе ги скокне дуелите со Радовиш, Прилеп и Куманово.

Левото крило на битолчани доби суспензија од три месеци, па Манасков нема да игра на петте средби од регуларниот дел, а ќе ги скокне и првите два меча од плеј-офот.

Спектакл во Охрид: Падна шампионот, тврдината одбранета