Тимот на Металург Автокоманда со триумфот над Шампион со 25-9 го комплетираше 11 коло од женската пионерска лига, по што пионерките заминуваат на пауза до крајот на февруари 2026 година.
Евгенија Смиљковска даде седум гола во триумфот над Шампион, а останатите фаворити – Ѓорче Петров и Астибо исто така со убедливи победи се одјавија за годинава.
Ања Симоноска со шест гола го водеше Охрид до првата победа оваа сезона, додека Чаир беше подобар на гостински терен од Илинден Вардар со 22-16, а блескаше Ерина Исмаили со десет погодоци.
Пионерки, 11 коло, резултати:
Металург Автокоманда – Шампион 25-9
Илинден Вардар – Чаир 16-22
Спартак – Астибо 11-27
Кале Кичево – Охрид 11-13
Струга – Јехона 27-12
Ѓорче Петров – Вардар 28-14
табела: 1. Металург Автокоманда 22, 2. Ѓорче Петров 20, 3. Астибо 18, 4. Вардар 14, 5. Струга 14, 6. Чаир 14…

























