ИДЕАЛЕН ТИМ НА 15. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 15 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Бутел Скопје, како и по еден ракометар од тимот од Автокоманда, Еурофарм Пелистер, Вардар, Прилеп и Охрид.

За МВП на колото ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.

Супер лига, 15. коло, резултати:

СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22-42 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО 37-29 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – РАДОВИШ 45-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 33-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ТИКВЕШ 31-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП 27-30 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 15. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Владан Кастратовиќ - среден бек - Прилеп
46.15%
Дејан Михајловиќ - пивот - Бутел Скопје
43.59%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
3.42%
Ѓорѓи Николовски - голман - Алкалоид
3.42%
Дмитро Горига - лев бек - Вардар
2.56%
Дарко Ѓукиќ - десно крило - Охрид
0.85%
Филип Николов - десен бек - Бутел Скопје
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 15. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Ѓорѓи Николовски (Алкалоид) – Кадетскиот репрезентативец доби шанса на голот во Автокоманда и ја оправда довербата против Радовиш.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец даде 12 гола на мечот со Струга.

Лев бек: Дмитро Горига (Вардар) – Новопечениот македонски репрезентативец имаше добра партија против Тиквеш.

Среден бек: Владан Кастратовиќ (Прилеп) – Црногорецот даде пет гола, но имаше и многу асистенции до соиграчите во злато вредниот триумф кај Пролет.

Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Десниот бек на бутелци постигна 12 гола против Куманово и беше меѓу најдобрите на теренот.

Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) – Српскиот репрезентативец имаше важна улога на мечот со Еурофарм Пелистер 2.

Пивот: Дејан Михајловиќ (Бутел Скопје) – Поранешниот младински репрезентативец одигра одличен меч против Куманово и имаше значаен придонес.