Гарабаја вчера си замина од Битола, а денеска доби понуда од Адемар Леон

Шпанскиот стратег Рубен Гарабаја си замина од Еурофарм Пелистер и во иднина веројатно ќе работи во татковината.

Според „Ла нуева хроника“, тимот на Адемар Леон веќе упатил понуда кон Гарабаја, кој би можел да го наследи на клупата Дани Гордо, кој заминува на лето.

Но Адемар Леон е елиминиран од Лигата на Европа, па лесно може да се случи Гарабаја порано да го замени Гордо.

Покрај Гарабаја, во игра за клупата на Адемар Леон е поранешниот шпански репрезентативец Антонио Гарсија Робледо, кој во моментов е асистент во Гранољерс.

Шпанскиот медиум пишува дека покрај Адемар Леон, за Гарабаја интерес покажува уште еден тим од Асобал лигата.

Гарабаја играше две сезони во Адемар Леон во играчката кариера, а во тренерската покрај ангажманот во Еурофарм Пелистер, три сезони го водеше Синфин, беше дел од Ла Риоха, како и од женската репрезентација на Кина.