СП 2025: Унгарија и со реми против Јапонија „букира“ четвртфинален билет

Селекцијата на Унгарија не успеа да ја победи Јапонија, 26-26, но и тој бод беше доволен за да биде обезбедена најмалку втората позиција во групата што води во четвртфиналето.

Јапонките го имаа последниот напад на мечот, но Кучора одлично блокираше, па топката заврши во рацете на голманката Семереи.

Ако победеше азиската селекција ќе имаше многу комбинации пред последното коло, но вака во четвртфиналето патува Унгарија, и многу веројатно Данска, на која и треба бод од следните две средби.

Шведска по дебаклот од Норвешка, се врати на победите, славеше против Јужна Кореја со 32-27, но тоа нема ништо да смени бидеќи по 2015 за првпат оваа скандинавска селекција останува без место во ТОП 8.

Светско првенство, главна рунда, резултати:

група 1
Романија – Сенегал 37-17
Јапонија – Унгарија 26-26
20:30 Швајцарија – Данска

табела: 1. Унгарија 7, 2. Данска 6, 3. Романија 4, 4. Јапонија 3…

група 4
Ангола – Бразил 26-32
Шведска – Јужна Кореја 32-27
20:30 Чешка – Норвешка

табела: 1. Бразил 8, 2. Норвешка 6, 3. Ангола 4, 4. Шведска 4…